ЈЕЛЕНА И ДУШКО ПО СКАНДАЛОТ СО СОРАЈА: За едно се согласни и двајцата

Принтскрин/Инстаграм

По скандалот со Сораја, Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се огласија на своите профили на Инстаграм. Тие поставија исти фотографии од нивните ќерки.

Најпрво, на инста-стори Јелена објави фотографија на која се гледаат насмевнати нивните ќерки Атина и Ника.

Неколку часа подоцна, истата фотографија ја објави и Душко, исто на инста-стори.

Според најновите сознанија, Тошиќ имал афера со Сораја. Тој паднал на нејзиниот атрактивен изглед, а ѝ подарувал и скапоцени предмети.

Минатата година излезе и скандалот со аферата меѓу Јелена и фудбалерот Огнен Врањеш, но таа сè уште одрекува.

Со своите објави на Инстаграм, тие двајца јасно ставија до знаење дека најважни во овој момент се нивните деца и дека сè друго е споредно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот