Јелена Ѓоковиќ: Проблемите со забите влијаат на проблемите со забременувањето
Слободен печат
Пред
Јелена Ѓоковиќ продолжува да споделува здравствени совети на Инстаграм, иако не е ниту лекар, а ниту стоматолог. Сопругата на Новак Ѓоковиќ сега ги спои двете гранки и зборуваше за поврзаноста меѓу плодноста и оралната хигиена. Директорката на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ тврди дека жените се неплодни поради својата орална хигиена.
„Здравјето од устата исто така влијае на плодноста на жената и денес жените имаат многу проблеми да забременат. На тоа многу влијаат проблемите со забите, кариесот, наталожените наслаги и болестите на непцата“, рече таа во јавувањето во живо на Инстаграм, повикувајќи се на книгата на Надин Артемис, за холистичката нега на здравјето на забите.
Јелена потоа со своите пријатели сподели како треба да се негува усната шуплина.
„Секогаш користете солена вода и сода-бикарбона за да ја исплакнете устата, започнете со чистење на јазикот и непцата со специјални четки; користете забен конец наутро и навечер (воведете и есенцијални масла во рутината, бидејќи тие се антибактериски, антифунгални, антивирусни и антиинфламаторни), жабуркањето на маслото во устата е одлично за воспаление на непцата… “, рече Јелена.
„Нежно мијте ги забите, секогаш со меки четки, затоа што кога грубо четкаме, тоа ги повлекува непцата. Движењето е „дожд врне, тревата расте“, како што им велат стоматолозите на децата“ додаде Јелена.
Нејзините следбеници беа изненадени од тврдењето на Јелена дека оралната хигиена има врска со плодноста.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Македонската рок-група „Ареа“ е синоним за квалитетна музика, а моќниот и уникатен глас на фронтменот на бендот Ружица Милошеска – Брчиоска го разоружува сечие срце. А дека тоа е така, ни покажа и потврди бендот на двата акустични концерти што ги одржаа викендов во Македонската филхармонија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Публиката две …
Актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари и кандидат за претседател од опозициската коалиција ВРЕДИ изборната програма за претседателските избори наречена „Обединувачка“ ја објави на четири јазици: македонски, албански, турски и англиски за да можат граѓаните да ја прочитаат и да ја разберат неговата визија за претседателската функција. Тој се залага за уставни промени до крајот …