Јелена Ѓоковиќ во Скопје: На премиерата на филмот „The Wisdom Of Trauma“ ќе ја промовира „Фондацијата Новак“

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Македонската јавност во четвртокот имаше уникатна можност да се запознае со работата на Фондацијата „Новак“ и тоа од страна Јелена Ѓоковиќ, која ја промовира хуманоста и помошта што ја споделуваат заедно со најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ.

Гостувањето во нашиот главен град е дел од „Караванот на љубовта и среќата“, со кој изминатиов период таа ја обиколи речиси цела Србија, а сега дојде и во нашата држава.

Јелена преку видео објава го најави нејзиното гостување во Скопје, откако успешно ги завршија посетите на Ниш и Белград.

„Голем поздрав од југ од нашата весела екипа. Благодарам драг Ниш за прекрасните спомени – кој беше со нас и ја доживеа енергијата синоќа знае за што зборувам. А нашиот караван на љубов и среќа наскоро ќе пристигне во Скопје“, напишаа таа во објавата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Јелена во Скопје како предводник на Фондацијата „Новак“ присуствуваше на премиерата на документарниот филм на д-р Габор Матео – „The Wisdom of Trauma“. По премиерата, присутните можеа да ги слушнат идните планови на фондацијата на славниот тенисер.

Новак во повеќе наврати во минатото потенцирал дека има голема желба да ја посети Македонија, па прво јавно најави посета на Охрид, а нешто подоцна изрази желба да одигра меч против нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски во Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот