„Јазикот што го зборуваат 20% од населението“ за Алијанса за Албанците е навредлива дефиниција за албанскиот јазик

Јазикот што го зборуваат 20% од населението“ е навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани. Ова ќе ја зголеми внатрешната социјална и меѓуетничка кохезија и ќе ја направи Северна Македонија уште подобра, уште посилна и земја која ги прифаќа европските вредности на јазична и културна различност, реагира Алијанса за Албанците.

„За нас е подеднакво навредливо кога јазикот на нашите сограѓани се нарекува северномакедонски или славомакедонски, а понекогаш и поинаку. Затоа, проблемот од 20 проценти Мицкоски и другите мора еднаш засекогаш да го сфатат како што треба, тргнувајќи од самите себе, а никако да не ја збунуваат јавноста создавајќи амалгами со балансер, којшто во суштина е алатка за планирање на вработувања во јавниот сектор за остварување на уставната обврска за соодветна застапеност на заедниците“, пишува во партиската реакција.

Оттаму објаснуваат дека Бадентер или таканареченото двојно гласање е европски стандард за одржување на мирот и стабилноста што беше воспоставен во републиките од поранешниот комунистички блок по големите трагедии како што се војните во поранешна Југославија.

„Секое прекршување на овој механизам на консоцијална демократија би било ретроградно и би донело последици кои никој од нас не би ги посакал. Ако ова двојно гласање е проблематично за некого, треба да се земе предвид дека многу земји слични на нашата го имаат регулирано ова прашање со дводомен парламент, кој треба да се стави на маса доколку во иднина се отвори ваква расправа“, се додава во реакцијата.

Од Алијанса за Албанците велат дека го отфрлаат секое условување кое ги разнишува темелите на нашата држава, изградена врз принципите на консоцијалната демократија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот