Јазбец: Македонија заслужува почеток на преговорите сега

Фото: МИА

Сепублика Северна Македонија, сега, денес во овој момент заслужува почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави денеска во Битола словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец.

Словенија на претстојниот самит на Европскиот совет ќе даде директна поддршка за почеток на преговорите за зачленување на Северна Македонија во Унијата, а словенечкиот премиер Марјан Шарец тоа ќе го стори и следната седмица кога ќе престојува во земјава, најави амбасадорот Јазбец.

– Словенија е голем поддржувач на Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ и ние за две недели очекуваме зелено светло од Европскиот совет. Нашата поддршка уште еднаш како и многу пати досега ќе биде потврдена и следната седмица кога во официјална посета во Скопје ќе дојде словенечкиот премиер Шарец и тоа ќе биде средба во пресрет на Самитот. Ние уште еднаш ќе ја потврдиме словенечката поддршка, а на Самитот ќе пренесеме најсвежи информации и впечатоци за тоа колку во земјава е направено. Република Северна Македонија, сега, денес, во овој момент заслужува почеток на преговори и тоа повеќе од кога било досега, изјави Јазбец.

Амбасадорот Јазбец во Битола учествува на меѓународен симпозиум, каде нагласи дека Словенија со овој град ја врзува голема историја и традиција што датира уште од 1913 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот