Јавното обвинителство отвори предмет за прободеното момче во Кавадарци

Основното јавно обвинителство од Кавадарци по допрен глас има отворено предмет и постапува во врска со настанот со прободено момче со нож во Кавадарци. Ова денеска за МИА го потврди Елизабета Недановска, портпарол во Републичкото јавно обвинителство.

Таа појасни дека се прибираат материјални и вербални докази од страна на МВР, по насоки на Јавното обвинителство, по што се очекува комплетираната кривична пријава да биде доставена до Основното јавно обвинителство.

Како што информираше МИА во неделата, момче од Кавадарци со две убодни рани од нож беше пренесено на клиника во Скопје.

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на скопска клиника

Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош тогаш потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било пренесено во кавадаречката болница.

Доктор Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, за МИА тогаш појасни дека било донесено момче родено 1994 година.

-Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на клиниката за торакална хирургија во Скопје, рече Митев.

Момчето е надвор од животна опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот