Јавното обвинителство најави прес во 14 часот

Фото: Слободен печат

Јавното обвинителство со почеток во 14 часот ќе одржи прес конференција во врска со „Рекет“ на која ќе присуствуваат Јавниот обвинител Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител Лилјана Спасоска и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Како што објави „Слободен печат“ по налог на обвинителството полицијата ја приведе денеска Катица Јанева и врши претрес во нејзината куќа.

Дознаваме и дека во тек е операција за приведување на други лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот