Јавно погубување во Северна Кореја за прекршување на правилата против ковид-19

Северна Кореја одржи јавно погубување со стрелање за да казни човек кој ги прекршил правилата воведени поради коронавирусот, велат извори од земјата.

Човекот обвинет за шверц преку затворената граница е убиен на 28 ноември за да се заплашат луѓето и на тој начин да се почитуваат правилата, наведува „Радио Слободна Азија“.

Иако Северна Кореја јавно тврди дека нема ниту еден случај на ковид-19, режимот на Ким Џонг-ун воведе „итни мерки на карантин на исклучително високо ниво“ и на војниците им е наредено да пукаат на луѓе кои ја поминуваат границата со Кина, кажуваат извори.

„Имаа јавно погубување со стрелање за да им се заканат на жителите во пограничното подрачје, бидејќи имаа контакти со луѓе од другата страна на границата“, вели еден извор.

Убиениот маж според наведувањата бил во 50-тите години и е обвинет за шверц со кинески деловни партнери преку границата која во поголем дел од 2020 година е затворена.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот