Нотр Дам: Неизгасната цигара или електричен дефект можни причини за пожарот

Фото: Принтскрин

Како што денеска сооппти Јавното обвинителство на Париз, неизгасната цигара или дефекти во електричната инсталација се можни причини за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што се случи во април годинава, отфрлајќи ја можноста за намерно подметнување на огнот.

Француските истражни органи разгледуваа голем број хипотези, вклучително и неправилно функционирање на електричниот систем или оган предизвикан од неизгасната цигара, се наведува во соопштението на Обвинителството, при што се додава дека засега се уште не утврдена точната причина за избувнувањето на пожарот.

Сепак, според Обвинителството, не се пронајдени докази што би потврдиле каква било теорија дека „потеклото на огнот е од криминална природа“.

Во соопштението се посочува дека во текот на истрагата за причините на пожарот биле сослушани околу 100 сведоци.

Обвинителството најави дека врз основа на досегашната истражна постапка, сега ќе бидат покренати повеќе детални истраги за причините за пожарот, посочувајќи дека веќе е почната предистражна постапка против непознато лица за „предизвикување штета од небрежност“.

Пожарот избувна во време кога во катедралата беа вршени градежно-реставраторски работи. По пожарот, портпаролот на фирмата „Ле Бра Фрере“, која учествуваше во градежните работи, призна дека нејзини работници „од време на време пушеле“ во црквата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот