Јавно ќе бидат објавени надоместоците на владините советници и соработници

Влада на Р.С. Македонија / Фото: Твитер @VladaMK

Премиерот, вице-премиерите и министрите, имаат обврска во рок од 10 дена да ги објават имињата на советниците и надворешните сороботници, како и да дадат податок колку изнесуваат нивните хонорари.

Како што информираше владината прес-служба, усвоена е Информацијата за потребата од објавување на имињата и надоместоците на советниците и соработниците на членовите и на претседателот на Владата, како прифаќање на препораката на ГРЕКО.

-Владата на денешната 11-та седница врз основа на препораката на ГРЕКО донесе одлука со која ги задолжува и кабинетите на премиерот, на вице-премиерите, на генералниот секретар на Владата и на министрите во рок од 10 дена да ги објават имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници, како и редовно и ажурно да ги објавуваат споменатите податоци во иднина, се вели во соопштението на Владата.

На вчерашната седница, Владата го именуваше Душко Арсовски за портпарол на Владата на Република Северна Македонија, новинар со дводецениско работно искуство.

Исто така, Владата на Северна Македонија на оваа седница за директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше Наумче Мојовски, наш врвен спортист и ракометен репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот