Јавните претпријатија и општината ја чистеа обиколницата над Битола

Фото:ТВ Тера

Денес екипите на Јавните претпријатија од градот заедно со општината на терен по којзнае кој пат ја чистеа депонијата на обиколницата над Битола пренесува Тера ТВ.

Во изминатите 10-тина дена, Општина Битола вршела интензивна подготовка со инспекциски надзор, за расчистување на магистралниот пат А3 во делот на обиколницата над Битола, во критичните точки каде постојано се фрла отпад. На терен комуналните инспектори поднесле и неколку пријави до граѓани и до лица кои собираат и нелегално складираат отпад.

На истите им било наложено отпадот да биде отстранет, а во текот на денешниот ден, еден од нив веќе постапува по пријавата и го отстранува отпадот. Општина Битола, по ваквата подготовка, во координирана акција започна со чистењето на масовната депонија на обиколницата над Битола, која претставува опасност за возачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот