Јавниот сервис во Црна Гора ги отпушта од работа хонорарците

Буџетот на РТЦГ за 2018 и 2019 година изнесувал речиси 14 милиони евра, а Јавниот сервис се финансира од парите на даночните обврзници.

Во ситуација на епидемија на коронавирус, вчера РТЦГ донела одлука да го прекине работниот однос на сите хонорарни работници, објави „Вјести“. Генералниот директор на Радио телевизија Црна Гора, Божидар Шундиќ го известил менаџментот дека од вчера во Јавниот сервис нема да работат хонорарци.

Шундиќ во дописот навел дека на хонорарните соработници ќе им се даде отказно решение согласно заклучоците на Владата и итните мерки во врска со коронавирусот.

Според претходни податоци, кон крајот на минатата година РТЦГ имала 723 вработени, од кои 717 со договор на неопределено време. Во претходна изјава, Шундиќ оцени дека во Јавниот сервис има вишок дури 2509 вработени. Буџетот на РТЦГ за 2018 и 2019 година изнесувал речиси 14 милиони евра, а Јавниот сервис се финансира од парите на даночните обврзници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот