Јавниот превоз не поскапува, билетот за едно возење е нова услуга

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Јавниот превоз на поскапува, не поскапува ниту една услуга на ЈСП Скопје, соопштија денеска од ЈСП во врска со донесената одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје (билет за едно возење).

Од ЈСП Скопје посочуваат дека и натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, валидирањето со електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично.

„Билетот за едно возење е нова услуга, нов продукт кој треба од 1 ноември да биде имплементиран во постоечкиот систем за електронска наплата. Билетот ќе биде наменет само за еднократна употреба, хартиен со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно ќе се валидира безконтактно на постоечките валидатори“, појаснуваат од ЈСП Скопје.

Билетот ќе може да се купи во автобусите (кај возачот, и во возилата на ЈСП и кај приватните превозници), како и во билетарниците на ЈСП Скопје и секундарната продажна мрежа (маркети, трафики, тобака и слично).

Убедени сме, велат од ЈСП Скопје, дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз ( „Скопска”, мобилен телефон).

Целата постапка, стои во соопштението, ЈСП Скопје ја изведува на законски и транспарентен начин, а во секое време сме достапни и отворени до медиумите за било какви прашања и појаснувања со цел да се избегнат дилемите околу користењето на јавниот превоз од страна на илјадници граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот