Јавната дебата за Законот за ЈО заврши, но не и препукувањата меѓу власта и опозицијата

обвинителство ојо

Голем дел од експертите дадоа потврда за многу забелешки на Предлог законот за јавното обвинителство изготвен од работната група на Министерството за правда.

Јавната дебата за Законот за јавното обвинителство заврши, но не и препукувањата меѓу власта и опозицијата.  Денеска од владејачката СДСМ посочија дека Министерството за правда работи на сублимирање на забелешките од дводневната собраниска дебата. Пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева, посочи дека конечно Законот треба да се донесе во корист на работата на јавното обвинителство.

– Министерството за правда најави дека сите предлози и ставови, особено на оние кои се однесуваат на конкретни забелешки, ќе бидат разгледани. Ќе се обидеме во Собранието заедно да дојдеме до цензус, во смисла на создавање на услови конечно тој Закон да биде донесен. Волјата на владејачкото мнозинство е голема и ние ќе се обидеме да направиме се што е во наша моќ согласно Деловникот и убедувањето меѓу колегите за да го донесеме. Тој Закон е многу важен, за Јавното обвинителство. Така ќе може да очекуваме вистинско обвинителство од професионална експертска струча страна, што ќе го гони криминалот. Не можеме да говориме за реформи во судство ако ние не ги овозможиме сите алатки обвинителството да може да ја врши својата работа. Третата, судската власт е еден од трите темели на системот, така што тоа мора да го овозможиме. Треба и да се усогласи со законот за кривична постапка која на обвинителството му дава друга улога, така што мора да дојде до усогласување. Опозицијата активно учествуваше и мислам дека разумот ќе надвладее и дека владеењето на правото ќе се оддели од политиката – рече Калевска Ванчева.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува разумност и посочува дека на утрешната средба ќе се слушне нивнот конечен збор, дали ќе го поддржат Законот за јавното обвинителство. Се повикаа на експертските ставови од вчерашната јавна дебата. Според нив, поголемиот дел од експертите сметале дека законот треба да се повлече и да се доработи.

Голем дел од експертите дадоа потврда за многу забелешки на Предлог законот за јавното обвинителство изготвен од работната група на Министерството за правда. Единствено оние кои работеа на Законот си ја пофалија својата работа. Стручната јавност беше прилично критична.

– Не сакам да навлегувам во детали, но нашиот заклучот од јавната расправа е дека најголемиот број препорачаа овој предлог на закон за јавно обвинителство да се доработи од министерството кое го предлага, односно да се врати на доработка. За утре е закажана средба. Веројатно ќе биде во Собранието, но се чека потврда од Министерството за правда, каде преку стенографските забелешки ќе се согледуваат сите забелешки. Нас најмногу не интересира – зошто главниот државен обвинител кој зборува за идниот Закон за јавно обвинителство не го почитува сегашниот Закон за обинителство, односно членот 60, кој посочува дека кога ќе имате притворен јавен обвинител, императивна норма е тој обвинител да биде оддалечен од работното место. Не може да делегира наредби поврзани со неговото рабоно место. Затоа, писмата на Катица Јанева до јавниот обвинител Љубомир Јовески не се љубовни писма, туку се писма кои јавноста треба да ги види за да оцени зошто постапил незаконски и не ја оддалечил од работното место кога била во притвор – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот