Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, во рамките на Втората седница, денеска во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.  

Јавната расправа се организира на иницијатива на Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието.

Поради состојбата со КОВИД-19, поканет е по еден претставник на Министeрството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за образование и наука, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје и на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, Интер – ресорска консултативна и советодавна група  за еднакви можности на жените и мажите, ЗЕЛС, Агенцијата за аудудио и аудиовизулени медиумски услуги, Агенцијата за заштита на личните податоци, Академијата за судови и јавни обвинители, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, потоа на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република С. Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот