Јавна мастурбација

Фото: Ерол Шаќири

Пред да излезе Мицкоски сензационално во јавност и „политички да мастурбира“ добро би било да провери некои статистики. Звучи неверојатно, но и како опозиција сеуште се главна причина за постоење на „хибриден режим“.

ОБНОВА

„Нема одмора док траје обнова“ беше позната социјалистичка парола која имаше за цел да ја подигне свеста и моралот кај граѓаните, да им укаже на потребата за градење на подобра иднина, за поправеден свет, за идеално општествено уредување за чесни и работливи луѓе. Иако идеологија, иако често властите на тој поранешен систем „кога локомотивата не работеше или немаше веќе пруга, ги нишаа вагоните за да народот мисли дека уште се движиме“, иако наивна, сепак делуваше. Но, минатиот систем не е темата, темата е една друга, а слична парола, која гласи „Обнова на Македонија“ која има за цел….не знам што има за цел. Знам дека протагонистите на паролата имаат за цел да се вратат на власт, само не разбирам што ќе „обноват“, односно која Македонија ќе ја „обноват“. Основното значење на поимот „обнова“ е нештото кое е предмет на обнова да се врати во претходната состојба, нештото да се создаде повторно. Во социјализмот обновата значеше повторна изградба на инфраструктурата, индустријата, земјоделските и други добра, општествените служби, институциите и таканатаму, кои беа срушени или оштетени од војната, затоа повторно се прашувам, што ќе обновите вие? Ќе ја промените Северна Македонија легалистички и ќе ја обновите ПЈРМ? Или ќе ја обновите Социјалистичка Република Македонија? Или суштински ќе ја промените и ќе ја вратите во претходна состојба? Во која? Во онаа за време на 11-годишниот режим?

ШТО ТОА ВИЕ ЌЕ ОБНОВИТЕ ХЕР МИЦКОСКИ?

Поделено општество на „патриоти“, „предавници“, „педери“, „Шиптари“, „Каури“, „Цигани“, „северџани“, тоа ќе обновите? Нема потреба, уште е присутно тоа општество и е директна последица на вашиот режим. Корумпирано, заробено, „сваровски“ судство? И тоа немате потреба, го гледаме секој ден, уште е живо, од ден на ден ја убива и последната капка надеж за правда на овој народ, и тоа е последица на вашиот режим. Корумпирани медиуми (до душа со само 27 милиони евра) кои секојдневно шират лаги, омраза? Нема потреба, тука се уште, можеби посилни од било кога, повторно последица на вашиот режим. Ќе го обновите идентитетот? Нема потреба, тој не беше никогаш ни загубен, погледни ја последната изјава на Мицотакис, „имаме една Северна Македонија која има Македонци признаени во договорот кои говорат македонски јазик…“.

Сакате институциите да ги обновите, сакате МВР да го обвновите? За неполни месец дена техничка влада не потсетивте како изгледа институциите да се раководени од вашата партија. Се што е денеска труло во државата и општеството, расипано, погано, нечесно, се е тоа последица на вашиот режим. И паразитите инсталирани во структурите на власта после вас и поединците кои влегоа во корупциски скандали и непотизмот и популизмот и ботовите, се е тоа последица на вашиот режим, зашто мислеа дека така треба, зашто мислеа дека треба да се возврати со истата мера и истиот начин кој вие го практициравте цели 11 години.

Ете тоа е тоа што не успеа власта после вас целосно да го искорени за овој половичен мандат што го имаа концентрирајќи се на деблокирање на државата и евроинтеграциските процеси во што целосно успеа. Февруари членка на НАТО, а најверојатно во мај почеток на преговори со ЕУ, а целосното ослободување од канџите на режимот, е тоа во следниот целосен мандат. Да се вратиме на социјалистичката парола, обновата започна пред три години хер Мицкоски и нема одмор додека не заврши, а ти доцниш.

ХИБРИДЕН РЕЖИМ

Со кое бе право излегувате во јавност и обвинувате за најмала минимална плата, закон што сами го опструиравте, со кое лице говорите вие за НАТО, а го опструиравте Законот за одбрана или за меѓуетнички односи со опструкција на Законот за јазици? Со кое право и лице говорите за правда кога од почеток до крај го опструиравте СЈО, на крај го уништивте, а сега го опструирате законот за ЈО? И сега најново и за мене најинтересно, сензационална конференција за печат каде Мицкоски воден од последниот извештај објавен од „The Economist” вели: „Македонија и официјално стана режим“.

Да не знае човек дал да плаче ил да се смее. Како прво, Македонија не стана режим сега, туку режим си беше. Режим си бевме од 2007 година, официјално според „Економист“ станавме во 2016 (затоа што пред објавување на прислушкуваните разговори овие меѓународни институции ја немаа комплетната слика што се случува во оваа држава), а од 2017 па наваму се бориме со тој режим и се обидуваме да излеземе од тој режим и да преминеме во “flawed democracy” каде и бевме во 2006 година. За жал, борбата сеуште трае. Во 2006 имавме индекс од 6.33 (највисок), 2016 година паднавме на 5.23 каде официјално не сместија во „хибридни режими“, сега имаме индекс од 5.97, следната година ќе се вратиме таму кај бевме, „нема одмора док траје обнова“.

Затоа, пред да излезе Мицкоски сензационално во јавност и „политички да мастурбира“ добро би било да провери некои статистики. Звучи неверојатно, но и како опозиција сеуште се главна причина за постоење на „хибриден режим“. Економист разгледува 60 фактори, ќе набројам само неколку. Параграф 7: „Дали процесот на финансирање на политичките партии е транспарентен и генерално прифатен“? Погодете против која партија се води процес за сомнително финансирање, последно за време на претседателските избори. Параграф 36: „Дали постои адекватно ниво на општествен консензус и кохезија за поддршка на стабилна и функционална демократија“? Нормално дека не, го поделивте народот по сите можни основи, како партија опструирате се што е за напредок на држава, нема консенсуз по ниедно прашање од суштинско значење. Кој е виновен за оваа состојба? Параграф 54: „Степенот на кој граѓаните се третираат еднакво пред законот“. Заробено судство, корумпирано судство кое штити криминалци, пола ваша партија е обвинета за тешки криминали, а се на слобода, додека обичен граѓанин за пукање петарда и неплатена казна или долг може да лежи затвор.

Кој е крив хер Мицкоски, кој го створи ова судство и кој сеуште го контролира? Нема простор да се набројат сите точки, поентата е следна, актуелната власт е најмалку крива за состојбата која ја затекна и состојбата во која се наоѓаме (велам најмалку, не ја амнестирам комплетно), а се бори највеќе за таа да се промени, криви сте вие, вашиот режим кој сеуште трае. Сега наместо да се бориме да влеземе со индексни поени во рангот на “full democracies” каде што е Словенија на пример од регионот, ние се бориме да се вратиме таму кај што бевме во 2006 година, зашто не погоди ураганот наречен вмро кој уриваше се пред себе цели 11 години.

ПРЕКИНЕТЕ СО ЈАВНАТА МАСТУРБАЦИЈА

За крај, овие ваши обраќања во јавноста веќе почнуваат и да навредуваат, овие дрски лаги и спинувања искажани со таква леснотија, оваа „јавна мастурбација“ мора да престанат. Текстов требаше да содржи многу вулгарности, предизвикан од последната прес конференција, но сепак ќе се воздржам, иако со право некои колумнисти велат дека уличарите само со уличарски јазик може да те разберат, сепак оставам на читателите да променат два збора додека ги читаат следниве реченици за да ја доловат суштината.

11 години и се „качувавте“ на Македонија, задоволството беше еднострано зашто Македонија не водеше љубов, таа беше силувана од вашите мали к*риња. Направивте од неа најголема к*рва, лицето и го погрдивте, внатрешната и надворешна убавина и ја изгубивте. Епа Македонија повеќе не „ви дава“, ве отфрли вас, ги отфрли и злобните додворувачи кои вие како макроа и ги редевте, Македонија конечно се ожени Мицкоски, по 28 години, бракот е европски, задоволството е обострано. Си го врати достоинството, си ја врати убавината. Знам дека Македонија беше ваша едиствена шанса за „онадување“, сепак себезадоволувањето е сега ваша реалност. И нема ништо лошо во тоа, ќе се навикнете, ќе ви прејде во навика со годините кои следат, само немојте во јавност, нема смисла. Во парламент, во „палатата на злото“, по партиските штабови, по партиските митинзи “фрлајте го мајмунот во несвест“ колку ви душа сака. Ако сакате поголемо задоволство, можете и две ребра да извадите од вмровскиот организам и сами себе „(м)орално“ да се задоволите.

Хер Мицкоски, „онадевте“ што „онадевте“, времето на вашите к*риња помина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот