Јавав коњи кога Денвер последен пат победи во Тексас (ВИДЕО)

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Екипата на Денвер нагетс со победата од 117:103 на гостувањето кај Сан Антонио спарс израмни на 2:2 во победи во плејоф серијата кој прв до четири триумфи. Јокиќ одигра одлична партија со 29 поени, 12 скокови и 8 асистенции и е најзаслужен за првата победа на неговиот тим кај Сан Антонио по 2012 година.

На прес-конференцијата по натпреварот Јокиќ беше запрашан што правел тогаш, а неговиот одговор ги насмеа новинарите.

– Не знам, најверојатно јавав коњи. Не знам каде бев кога Денвер последен пат триумфирал во Сан Антонио. Никогаш не сме победиле во оваа сала и затоа ова е голем триумф за сите нас – изјави Јокиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот