Јасин Лама го освои „Златниот гонг“ – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Јасин Лама го освои „Златниот гонг“

Лама со нокаут во втората рунда славеше против натпреварувачот од Романија, Норберт.

Јасин Лама е 12. македонски боксер кој ја освоил главната награда на традиционалниот боксерски турнир „Златен гонг”.

Овој спортски настан кој почна да се одржува пред точно 50 години, донесе неколку интересни борби во денешните финални борби.

Нашиот натпреварувач Лама славеше со нокаут во втората рунда против боксерот од Романија, Норберт во категоријата до 60 килограми.

За најдобар домашен боксер беше прогласен Алим Насуфи, потоа Саша Миловац ја доби наградата за најдобар странски боксер.

За најборбен боксер Албанецот Албан Бекири, за најдобар техничар Патриот Бехрами од Косово, најдобар судија е Петре Неделковски, а признание доби и Милан Пипрески како најдобар тренер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close