Јапонските власти сакаат да ја продолжат вонредната состојба во Токио: Стотици илјади граѓани апелираат да се откажат Олимписките игри

Јапонските власти сакаат да ја продолжат вонредната состојба во Токио и други области за околу три недели – до 20 јуни. Тоа го потврди министерот за економија, бидејќи пандемијата со ковид-19 не покажа знаци на намалување на помалку од два месеци пред отворањето на Летните олимписки игри.

Вонредната состојба во главниот град и осум други префектури требаше да заврши на 31 мај, но здравствениот систем е се уште сериозно оптоварен.

Последниве денови во Јапонија се забележува рекорден скокна пациенти со ковид-19 во критична состојба, иако растот на новозаболените лица е забавен.

Имаше повици од лекари, компании и стотици илјади граѓани да ги откажат Олимписките игри, кои треба да започнат на 23 јули. Јапонски официјални лица, организатори на Олимписките игри и Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопштија дека Игрите ќе продолжат под строги мерки за спречување на вирусот, без оглед на тоа дали градот домаќин, Токио, се наоѓа во вонредна состојба во тоа време.

До денеска, Јапонија регистрираше околу 727.000 инфекции со коронавирус и 12.597 смртни случаи. Вакцинирани се околу шест отсто од нејзината популација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот