Јапонските лекари повикуваат на откажување на Олимписките игри!
Главната медицинска организација во Јапонија ги поддржа повиците за откажување на Летните Олимписки игри во Токио, истакнувајќи дека болниците се веќе преоптоварени, додека земјата се бори против ширењето на коронавирусот на помалку од три месеци пред почетокот на најголемиот спортски собир.
Здружението од Токио од околу 6.000 општи лекари, објави дека болниците во главниот град имаат „полни раце работа“ и дека скоро останале без бесплатни капацитети поради зголемениот број на заболени лица.
– Силно ги повикуваме властите да го убедат Меѓународниот олимписки комитет дека одржувањето на Олимписките игри е тешко и да донесат одлука за откажување на игрите – се вели во отвореното писмо до премиерот Јошихиде Суга.
Зголемувањето на бројот на заразени предизвика немири и недостиг на медицински персонал и болнички кревети во некои делови на Токио, а јапонската Влада ја продолжи третата вонредна состојба во главниот град и неколку други префектури до 31 мај.
Нема никакви најави од Меѓународниот олимписки комитет за евентуално откажување, па така се останува на тоа дека Игрите треба да се одржат од 23 јули до 8 август годинава.
Да додадеме уште дека досега олимписка норма од македонските спортисти обезбедија борачот Магомедгаџи Нуров и Дејан Георгиевски во таеквондо.
ВИДЕО: Димевски силно верува дека Георгиевски ќе се закити со медал во Токио