Јапонскиот премиер Суга со ветување: Ќе продолжиме со подготовки за Олимпијадата во Токио

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга вети дека ќе продолжат подготовките за Олимписките игри (ОИ) во Токио ова лето, и покрај растечкото незадоволство во јавноста, додека земјата се бори со ширењето на пандемијата.

Минатата недела министерот за реформи и администрација, Таро Коно рече дека ОИ не можат да се одржат според планот. Тој стана првиот член на кабинетот кој изрази сомнеж за организација и одржување на настанот.

Истражувањата во медиумите претходно покажаа дека речиси 80 проценти од Јапонците сметаат оти ОИ треба повторно да се одложат или целосно да се откажат.

– Ќе продолжиме со подготовките, решени сме да создадеме непробојни мерки за спречување на зараза и да одржиме настан што може да му даде надеж и храброст на светот, рече Суга во говорот пред собраниската седница.

Денешната изјава на јапонскиот премиер го повтори ветувањето на претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах дека Олимписките игри во Токио ќе бидат „светло на крајот од тунелот” во борбата против коронавирусот.

Организаторите се соочуваат со значителни логистички проблеми и ќе мора да донесат тешки одлуки за тоа како да се прифатат гледачите и спортистите и истовремено да преземат мерки на претпазливост против коронавирусот. ИОК очекува само 6.000 спортисти да учествуваат на церемонијата на отворање, наместо првично најавените 11.000 од 200 земји, објави весникот Јомиури.

Церемонијата ќе биде ограничена, а спортистите ќе можат да пристигнат во Олимпиското село најдоцна пет дена пред натпревар и ќе треба да заминат во рок од два дена по завршувањето на натпреварите на кои ќе учествуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот