Јапонскиот премиер Суга: Можно е продолжување на вонредната состојба во Токио

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонскикот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека Владата разгледува двонеделно продолжување на вонредната состојба на подрачјето на Токио поради забавениот пад на број на инфицирани лица со ковид-19.

– Мислиме дека ќе бидат потребни околу две недели, па сакам да донесам конечна одлука откако ќе ги сослушам мислењата на експертите, посочи Суга.

Гувернерот на Токио, Јурико Коике наведе дека иако е забележан пад на бројот на заболени со ковид-19 во споредба со почетокот на јануари, но оти е загрижувачки забавениот тренд на намалување на новозаразените.

Јапонската Влада во јануари воведе рестриктивни мерки во 11 од вкупно 47 префектури до 7 март, а подоцна ги укина мерките во сите префектури освен на поширокото подрачје на Токио, во кои се спаѓаат префектурите Канагава, Саитама и Чиба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот