Јапонскиот премиер Суга е првиот странски лидер што ќе се сретне со Бајден

epa09053924 Japanese Prime Minister Yoshihide Suga speaks during a press conference on coronavirus situation in the country in Tokyo, Japan, 05 March 2021. EPA-EFE/YUICHI YAMAZAKI / POOL

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга планира во април да ги посети САД со што ќе биде првиот странски лидер што лично ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа, соопшти јапонската Влада.

Доколку околностите не се променат, премиерот Суга ќе ги посети САД во првата половина на април, изјави портпаролот на јапонската влада Кацунубу Като на прес-конференција.

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги нема да биде дел од делегацијата на премиерот за време на неговата посета на САД. Мотеги нагласи дека поради состојбата со коронавирусот, составот на делегацијата ќе биде ограничен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот