Јапонскиот премиер предизвика лути реакции на Твитер: Што се замислува, кој е (ВИДЕО)

Видео снимката од една минути го прикажува Абе како седи дома, гали куче и чита книга, пие од шолја и го притиска далечинското.

Твитер порака на јапонскиот премиер Шинѕо Абе во која ги повикува сонародниците да останат дома поради коронавирусот предизвика лути реакции на социјалните мрежи.

Тој е обвинет дека е бесчувствителен кон луѓето кои немаат луксуз да се одмараат во својот дом затоа што владините мерки за социјално дистанцирање не се проследени со надокнади.

Во некои од реакциите на неговата твитер порака пишува дека се однесува како аристократ, додека други се прашуваат „што се замислува, кој е”.

Видео снимката од една минути го прикажува Абе како седи дома, гали куче и чита книга, пие од шолја и го притиска далечинското.

На истата снимка, на половина екран е популарниот пејач и актер Ген Хошина како свири гитара дома, но тој подоцна на Инстаграм напиша дека снимката е употребена без негова дозвола.

Абе минатиот вторник прогласи вонредна состојба во Токио и уште шест области и побара од сонародниците да останат дома и да ја намалат интеракцијата со други луѓе дури 80 отсто, но многу јапонски компании бавно преминуваат на работа од дома и многу луѓе и после објавата одат на работа со јавен превоз.

Заклучно со вчера, во Јапонија имаше 7.255 потврдени случаи на заразени со коронавирусот, и 712 случаи од крузерот кој беше во карантин претходно годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот