Јапонски метод за штедење кој совршено функционира: Измислен од новинарка во далечната 1904 година

пари деца финансии
Фото: Profimedia

Дизајниран е од првата жена новинарка во Јапонија, Хани Мотоко, во далечната 1904 година, а според многумина кои го пробале, овој метод на штедење пари навистина функционира – дури и кај оние кои сакаат да трошат и да купуваат.

Според „Bright Side“, првиот чекор е да направите табела во тетратка – не во мобилен телефон или компјутер. Земете една тетратка во која ќе ги чувате финансиите и редовно запишувајте сè што сте потрошиле.

Вториот, можеби најважен чекор е да се создаде календар за месечни приходи. Создадете четири колони што ги покажуваат неделите во месецот. На почетокот на месецот, внесете го приходот што сигурно знаете дека ќе го добиете и јасно означете го со една боја, а потоа запишете го секој дополнителен приход што ќе го добиете по редовниот во друга боја.

По тоа, нацртајте друга табела во која ќе запишете колку пари сакате да заштедите тој месец, а последниот чекор треба да биде табела со сите задолжителни трошоци како што се закупнина, комуналии, храна, сметки за интернет, телефон и слично.

Запишете ги сите работи што не ви се потребни, но сакате да ги купите. Поделете ги на категории –  основни трошоци за живот, забава, образование и култура и многу повеќе.

На крајот на секој месец, анализирајте ги трошоците и проверете дали се држите до нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот