Јапонски државен обвинител поднесе оставка, се коцкал со новинари во текот на карантинот

Курокава го призна тоа и поднесе оставка, рече министерката за правда Масако Мори.

Јапонскиот државен обвинител денеска беше принуден да поднесе оставка откако медиумите објавија дека се коцкал со новинари, и покрај воведениот карантин за сите граѓани поради епидемијата од коронавирус.

Весникот Шукан Буншун објави дека Хирому Курокава, главниот државен обвинител во Токио, два пати во мај се коцкал со тројца репортери.

-Курокава го призна тоа и поднесе оставка, рече министерката за правда Масако Мори.

„Мора да истакнам дека таквото однесување е неприфатливо и за секоја осуда“, изјави Министерката за правда на Јапонија.

Коцкањето во Јапонија е забрането, а главните медиуми веќе подолго време се изложени на критики поради блиски односи со високи државни функционери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот