Јапонски деликатес: Палачинки Окономијаки

СОСТОЈКИ:
100 гр брашно
160 мл вода
3 јајца
300 гр зелка
75 гр варен грав
6 тенки ленти суво месо
100 гр сирење
мајонез
соја сос и иситнети алги

ПОДГОТОВКА:
Во поголем сад измешајте ги брашното, водата и двете јајца.

На малку загреано масло ставете го тестото во форма на палачинк, додајте ги зелката, гравот, сирењето и најгоре сувото месо.

Откако палачинката ќе се запече, ставете одозгора јаце на око кое претходно сте го испржиле. Печете уште две минути, ставете го во чинија и прелејте го со мајонез по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот