Јапонска лекција за младите ракометари

Кадетите ќе играат на ЕХФ шампионатот во Летонија/фото: ИХФ

Македонската ракометна репрезентација до 19 години со убедлив пораз ги заврши настапите во групната фаза од Светското кадетско првенство кое се одржува во Скопје. Избраниците на селекторот Брестовац се поразени со високи 22:31 од Јапонија, во осминафиналето влегуваат како четврти во групата Ц  и за противник ќе ја имаат селекцијата на Португалија која во групата Д има максимални пет победи.

Младите ракометари со катастрофалната игра на стартот го најавија поразот, Јапонците поведоа со 7:0, а избраниците на Брестовац првиот гол го постигнаа дури во осмата минута. До крајот на првото полувреме успеаја да се соземат и на паузата да се замине со негатива од четири голови (11:15).

Шансите за евентуален пресврт, противникот го уништи уште на стартот од второто полувреме кога поведе со 19:12 и до крајот умешно ја одржуваше предноста за конечен триумф од 31:22.

Најефикасен во редовите на македонската репрезентација беше Ненад Костески со девет постигнати голови, а Мартин Серафимов даде четири, додека кај Јапонците најдобар беше Харута со пет гола.

Македонија во осминафиналниот дуел кој ќе се игра за два дена за противник ја има селекцијата на Португалија која денеска со 36:29 го совлада Бразил и со максимални пет победи во петте кола го освои првото место во групата Д.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот