Јапонија со училишна настава ќе му пркоси на коронавирусот

Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе изјави дека наставата во новата учебна година ќе почне во април, по пролетниот распуст, како што и било планирано.

Училиштата во Јапонија беа масовно затворени во текот на изминатиот месец по апелот на Абе. Затворањето на училиштата беше доброволно и не претставуваше официјална мерка на владата.

Сепак, Абе остана претпазлив кога станува збор за јавни собири и ги повика организаторите внимателно да размислат за ризикот од ширење на коронавирусот.

Многу спортски настани во Јапонија се одложени и одржувањето на Олимпијадата е под знак прашалник, и покрај изјавите на јапонските власти дека одложувањето нема да се случи.

Во Јапонија во моментов има 1.675 луѓе заразени со вирусот, вклучувајќи 712 од крстосувачот Дајмонд Принцес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот