Јапонија со чартер лет ќе врати 200 граѓани од Вухан

профимедиа

Предвидено е авионот да се врати во Јапонија во среда, изјави министерот за надворешни работи Тошимитсу Мотеги.

Јапонија денеска ќе испрати чартер лет кон централниот кинески град Вухан за да врати околу 200 граѓани, соопшти Владата во Токио.

Владата, исто така, ќе испрати доктори, медицински сестри и службеници за карантин со цел јапонските државјани да бидат прегледани во авион, соопшти Министерството за здравство.

Предвидено е авионот да се врати во Јапонија во среда, изјави министерот за надворешни работи Тошимитсу Мотеги.

Со оглед на тоа што вкупно 650 Јапонци од Вухан сакаат да се вратат во својата земја, јапонската Влада ќе испрати повеќе летови за да ги однесе дома, информира Мотеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот