Јапонија се подготвува за воведување на 6Г мрежа

Комуникацискиот систем од петтата генерација (5Г) пролетва ќе биде воведен во широка употреба во Јапонија. Во овој сегмент земјата заостанува зад САД и Јужна Кореја, каде употребата на 5Г веќе почна.

Јaпонската Влада одлучи да почне со подготовки за воведување на мобилната мрежа од шестата генерација ( 6Г), со намера оваа ултрабрза мрежа во Јапонија да почне со работа во 2030 година.
За таа цела е формиран стручен совет во кој се наоѓаат технички експерти, претставници на приватните компании и надлежните јавни установи, на кои задача ќе им биде да разработат комплексна стратегија за премин кон новиот формат.
Комуникацискиот систем од петтата генерација (5Г) пролетва ќе биде воведен во широка употреба во Јапонија. Во овој сегмент земјата заостанува зад САД и Јужна Кореја, каде употребата на 5Г веќе почна.
Јапонските медиуми наведуваат дека владата во соработка со стопанството сака да го надомести ова доцнење и да ја преземе водечката улога во преминот кон уште побрзиот и посигурен систем, од шестата генерација.
Широката употреба на системот 6Г особено се очекува во автономните возила без возачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот