Јапонија се подготвува за шестиот бран на коронавирус

Јапонија ковид-19
Луѓе со заштитни маски во Јапонија / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека постои итен план со кој ќе се зголеми бројот на кревети и медицинска опрема како подготовка за можно зголемување на заразените со коронавирус оваа зима.

Л Фото: EPA-EFE/

Откако летово петтиот бран го доведе здравствениот систем во Јапонија на работ на фунцкионирање , бројот на новозаболени и починати драстично се намали откако повеќе од 70 отсто од населението беа вакцинирани.

Минатиот месец беа укинати антиковид мерките кои важеа за речиси целата земја, но здравствените експерти предупредуваат дека бројот на заболени повторно ќе се зголеми,  како што беше случајот во Јапонија минатата зима.

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонската влада во пресрет на зимата планира да го зголеми капацитетот на болничките кревети за 30 отсто, да ја зајакне заштитата во домовите за стари лица и да собира податоци кои би предвиделе кои болници ќе бидат под притисок на новозозаболени .

„Паралелно со зајакнувањето на медицинскиот систем, од декември ќе користиме ИТ системи за да и откриеме на јавноста колку кревети има во болниците и условите во секоја здравствена установа“, изјави јапонскиот премиер Кишида .

Бустер-вакцините ќе бидат достапни од следниот месец, а владата размислува да ги дистрибуира на деца на возраст од пет години, соопшти јапонската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот