Јапонија се подготвува за можен конфликт, вложува огромни суми во својата одбрана

Фумио Кишида во јапонскиот парламент
Јапонскиот премиер Фумио Кишида во парламентот/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонија планира да издвои најмалку 770 милијарди јени или 6,74 милијарди долари за зајакнување на својата одбрана во буџетот што се очекува да биде објавен заедно со пакет економски стимулации, објавија јапонските медиуми, пренесува Ројтерс.

Во таа сума би биле вклучени трошоците за зајакнување на одбранбените капацитети на Јапонија во близина на југозападните острови. Јапонија вети дека ќе ги задржи своите воени буџети во рамките на 1 процент од БДП, што многу години ја намалуваше загриженоста и во земјата, но и во странство за какво било заживување на милитаризмот што ја доведе Јапонија во Втората светска војна.

Но, со зголемената загриженост за кинеската војска во спорното Источно Кинеско Море, јапонската владејачка Либерално-демократска партија (ЛДП) одлучи да потроши 2 отсто од БДП или повеќе на војската како дел од својата политичка платформа пред изборите на 31 октомври.

Соединетите Држави ги повикуваат клучните сојузници да трошат повеќе за одбраната, а јавното расположение во Јапонија покажа зголемена загриженост за воениот интерес на Кина во Азија, особено кон Тајван.

Владата на премиерот Фумио Кишида, исто така, се очекува да објави рекорден стимулативен пакет од 55,7 трилиони јени во петок за да и помогне на земјата да се опорави од пандемијата на ковид-19.ж

Спорот за островите меѓу Токио и Сеул ескалира, откажана средбата во Вашингтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот