15 C
Скопје

Јапонија одлучи да испушти во морето милион тони контаминирана вода од Фукушима

Јапонската Влада објави дека планира да пушти во морето повеќе од милион тони контаминирана вода од уништената нуклеарна централа Фукушима, една деценија по хаваријата.

Испуштањето вода во морето треба да започне за две години, а целиот процес ќе трае со децении.
„Претпоставувајќи строго почитување на регулаторните стандарди кои се утврдени, избравме да испуштаме вода во океанот”, се вели во соопштението на јапонската Влада.

Како што пренесуваат странските агенции, оваа одлука на Јапонија сигурно ќе ги налути соседните земји.

Јужна Кореја веќе изрази „сериозна загриженост дека тоа ќе има директно и индиректно влијание врз безбедноста на луѓето и животната средина”, а Кина смета дека станува збор за многу неодговорен потег. Тајван исто така изрази незадоволство. 

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар