Јапонија не знае што да прави со радиоактивната вода во Фукушима, па ќе ја испушти во Пацификот

Јапонија би можела да исфрли милон тони радиоактивна вода во Пацификот, која е контаминирана од нуклеарката во Фукушима. Од хаваријата во 2011 година се собрале неколку милиони тони вода која е загадена, а резервоарите веќе се преполни, пренесе српски „Телеграф“.

Властите во Јапонија предложија контролирано пуштање на радиоактивната вода во океанот. Исто така, предложено е и загревање на водата за дел од неа да испари во воздухот.

Како што наведоа, испуштањето на водата во океанот би било строго контролиран процес, за океанот премногу да не се загади.

– Веќе нема друга опција за складирање на контаминираната вода – соопштија надлежните.

Сметаат дека контролираното пуштање на водата би било најдобрата можна опција, затоа што таа полека би се мешала со водата во океанот, а притоа научниците ќе имаат можност да го следат нивото на радиоактивност.

Во електраната постои систем за пумпање и филтрација во кој од водата се филтрираат речиси сите радиоактивни елементи, освен тритиумот. Меѓутоа, експертите велат дека е штетен за луѓето само во големи количини.

Компанијата која раководи со нуклеарната централа вели дека поголемиот дел од водата која се чува во електраната и понатаму содржи радиоактивни елементи, вклучувајќи го и цезиумот и стронциумот кои предизвикуваат рак.

На вчерашниот состанок не е донесена одлука како ќе се реши проблемот со насобраната вода. Експертите, вклучувајќи ги и оние од Меѓународната агенција за атомска енергија го ја прегледаа нуклеарката во Фукушима, поддржаа контролирано испуштање на водата во морето како единствена реална можност.

Познавачите на состојбите се согласија дека пуштањето на радиоактивната вода е реална опција, но дека ќе има огромно влијание врз животните видови.

На целиот проект остро се спротиставија локалните жители, еколозите и рибарите, кои тврдат дека ослободувањето на радиоактивна вода сериозно ќе го загрози екосистемот, не само во подрачјето на Јапонија, туку ширум целиот свет.

Отровниот отпад се создаде по една од најголемите нуклеарни катастрофи во 2011 година, откако Јапонија ја погоди силен земјотрес, проследен со цунами. Загинаа повеќе до 15.000 луѓе, додека во нуклеарната електрана Фукушима се случија неколку експлозии, по кои смртоносна радијација се прошири во животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот