Јапонија: Надмината бројката од 70.000 стогодишници!

Во Јапонија првпат откако се води статистика бројот на луѓе постари од 100 години надмина 70.000, се наведува во извештајот на Владата објавен денеска, додавајќи дека бројот на стогодишници се зголемува 49-та година по ред.

„Вкупно 71.238 стогодишници живеат во Јапонија, што претставува зголемување од два проценти од минатата година, и од тој број 88 проценти се жени“, се истакнува во извештајот на Министерството за здравство, објавено во пресрет на Денот на почитта на старите лица што се празнува в понеделник и е национален празник.

Во 1963 година во Јапонија, кога започна да се води таква статистика, имало 153 стогодишници, и до денес тој број рапидно расте.

Уште во 1998 година, во Јапонија имало над 10.000 стогодишници и над 50.000 во 2012 година. Кане Танака (116) жителка на Фукока во југозападниот дел од Јапонија е најстар жител во светот според Гинисовата книга на рекорди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот