Јапонија ја прекина 20-годишната забрана за увоз на канадско говедско месо

Фото: Архива

Јапонија ја укина 20-годишната забрана за увоз на канадско говедско месо, соопшти денеска канадското Министерство за земјоделство, пренесува Ројтерс, објави Политика рс.

Јапонија, како и многу други нации, го ограничи увозот на канадско говедско месо откако во 2003 година беше откриен случај на говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) или „кравјо лудило“ во провинцијата Алберта.

Канадската агенција за инспекција на храна, со поддршка на земјоделството и руралниот развој на Канада, работеше во изминатите неколку години на воспоставување на највисоките стандарди за производство на говедско месо и обезбедување квалитет со цел повторно да се отвори целосен пристап до клучните пазари, како што е Јапонија. Јапонија е важен пазар за Канада и светот.

Во 2022 година, јапонскиот пазар за канадско говедско месо и производи од говедско месо имаше проценета вредност од 518 милиони американски долари, главно поради преференцијалниот пристап на Канада. Во 2019 година, Јапонија одобри увоз на канадско говедско месо од говеда постари од 30 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот