Јапонија донира опрема вредна 38.185 евра на Универзитетската клиника за Максилофацијална хирургија

Фото: МИА

Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Хиронори Савада денеска потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија.

Грант договорот беше потпишан со ЈЗУ Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ – Скопје и има за цел да набави интраоперативен невромониторинг систем кој ќе обезбеди попрецизни и побезбедни здравствени услуги за пациентите при операција на лицето, вилицата и вратот, во вкупен износ од 38.185 евра.

Фото: МИА

Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Хиронори Савада заедно со директорката на Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија, проф. д-р Даница Поповиќ Моневска.

Во обраќањето, Амбасадорот Савада истакна дека: „Пациентите повеќе нема да бидат изложени на ризик од повреда на нервите и нарушувања на функцијата на лицето, ниту принудени да бараат помош во странство.“

„Со потпишување на овој договор за грант од страна на пријателскиот јапонски народ, конечно се остварува една од поважните цели и потреби на Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија, која значајно ќе придонесе во унапредувањето и подобрувањето на квалитетот на хируршките интервенции во лицево-виличната и вратната регија, а со тоа и во обезбедувањето подобра, посигурна и поквалитетна здравствена услуга, кон која сите се стремиме“, потенцираше директорката на клиниката проф. д-р Даница Поповиќ Моневска.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со ковид-19.

Фото: МИА

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

Јапонија ја поддржува Северна Македонија во различни сектори континуирано, како инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 423 милиони евра како и друга нефинасиска помош.

*ПР/Комерцијална објава

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот