Јапонија декласирана од Чиле (ВИДЕО)

Селекцијата на Чиле ја оствари најубедливата победа во првото коло од Копа Америка. Чилеанците, идентично како и Уругвај против Боливија, со 4:0 ја совладаа Јапонија која на натпреварувањето кое се одржува во Бразил дојде до подмладен состав.

Младите јапонци добро се држеа речиси во целото прво полувреме но потклекнаа на нападите на поквалитетниот тим во 41 минута кога Полга по асистенцијата на Арангиза го совлада јапонскиот голман.

На самиот старт од вториот дел, во 54 минута Варгаз зголеми на 2:0, а во финишот од натпреварот, Чиле постигна уште два гола со кои ја завери убедливата победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот