Јапонија: Борбен авион Ф-35 исчезна од радарите над Пацификот

Борбен авион Ф-35, распореден во базата Мисава во североисточниот дел на Јапонија, исчезна од радарите за време на обука над Пацификот, соопштија јапонските воздухопловни сили за самоодбрана.

Авионот, кој летал со уште три други од брегот на префектурата Аомори, околу 135 километри источно од базата, изгубил контакт со радарот околу 19.27 часот по локално време.

Со исчезнатиот авион не може да се воспостави радио-комуникација и во тек е операција за лоцирање.

Во воздухопловната база Мисава има 13 борбени авиони Ф-35А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот