Јапонија бара од младите да пијат повеќе алкохол

Јапонци пијат алкохол/ Фото Charlie J Ercilla / Alamy / Alamy / Profimedia

Младите полнолетни Јапонци не се како останатие во светот. Обично, во тие години, алкохолот за младите е „најдобрата“ алатка за добро забавување, но Јапонците едноставно не гледаат ништо интересно во тоа, пишува Би-Би-Си.

Според податоците во Јапонија, младите Јапонци пијат помалку од нивните родители.

Така, националната даночна агенција реши да направи државен натпревар за да создаде идеи со кои конечно ќе се промени овој тренд.

Кампањата „Саке Вива!“ се надева дека ќе направи план со кој пиењето алкохол ќе биде поатрактивно за младите.

Тие ги повикаа сите 20 до 39 годишни луѓе да дадат идеи за како младите да почнат повеќе да пијат од традиционалниот јапонски алкохол саке.

Според основачите на кампањата, младите пијат помалку алкохол во главно поради пандемијата, каде две години ги поминаа заклучени во своите домови.

Нездрава навика или добар бизнис?

Јапонските медиуми пишуваат дека реакцијата на народот е различна. Критичарите велат дека ова е обид да се промовира една нездрава навика.

Натпреварувачите имаат рок до крајот на септември да ги изнесат своите идеи. Најдобрите планови потоа ќе бидат развиени со помош на експерти пред да бидат претставени конечните предлози во ноември.

На веб-страницата на кампањата пишува дека пазарот на алкохол во Јапонија се намалува, а постарата демографска состојба во земјата – заедно со падот на наталитетот – е значаен фактор зад тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот