Јапонија: 23 мртви во подметнатиот пожар во анимациско студио

Бројот на жртвите во пожарот што избувна денеска во зградата на студиото за анимиран филм во западниот јапонски град Кјото се зголеми на 23 лица, соопштија властите.

Според Сатошиј Фуџиваре од Противпожарната служба во Кјото, најмалку 36 лица се повредени од кои десет во кривична состојба. Се стравува дека уште 18 луѓе се заробени во зградата.

Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за подметнат пожар од страна на едно лице кое истурило запаллива течност.

Подметнувачот (41) веднаш е уапсен, но поради повреди и тој е префрлен во болница.

Пожарот избувна околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн”, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот