Јапонците ја најавија пролетта со голотија

Во Јапонија има голем број фестивали и обичаи што се обврзани со среќа, здравје и благосостојба. Еден од најпознатите фестивали е „Гол фестивал“, на кој се повикува пролетта на необичен начин, а се одржува веќе петстотини години.

Во ритуалот стар половина милениум, околу 10.000 Јапонци, облечени само во традиционални ремени, прво морале да пројдат низ ладната вода за да се прочистат, а потоа да се натпреваруваат за среќните гранки.

Еднаш годишно, во најладниот период од февруари, мажите се облекуваат само со крпа и влегуваат во натпреварот. Традицијата се учи и се пренесува, така што младите учесници учат од постарите учесници. Се верува дека веднаш по овој фестивал доаѓа пролетта. Врвот на целодневниот фестивал доаѓа во вечерните часови, кога светлата ќе се исклучат и свештеникот фрла снопови од мали гранки и две среќни гранки помеѓу учесниците.

Туркањето понекогаш трае повеќе од половина час, бидејќи сите учесници се обидуваат да ги пронајдат овие симболи на среќа и благосостојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот