Јанушев: Здравствениот кадар ќе го вратиме со зголемување на платите

На денешната дебата во „Отворено студио“ во Телевизија 24, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на листата на пратеници во Третата изборна единица, Игор Јанушев истакна здравствениот кадар ќе го вратиме со зголемување на платите, нови болници, подобри услови и континуирано инвестирање во здравствениот систем и човечкиот капитал.

-Континуирано ќе инвестираме во човечкиот капитал во здравството, зголемување на платите, не како што лаже актуелната власта, туку вистинско инвестирање во здравствениот кадар, како начин да се вратат лекарите, истакна Јанушев.

Тој рече дека еден од главните столбови на програмата е да се овозможи здравство кое ќе биде на ниво на развиени земји, каде секој граѓанин со задоволство ќе отиде во државното здравство, а не по секоја цена да се лечат граѓаните на приватно.

Јанушев вели дека ќе им се овозможи на лекарите во државното здравство да работат и  приватно за да може да остваруваат и дополнителен приход и ќе се однесува на целовкупниот медицински персонал.

Во однос на инфраструктурата Јанушев вели дека се најавени и четири нови клинички болници, што во следниот четири годишен мандат ќе бидат завршени.

-Една од тие клинички болници е во западниот дел од државата во Тетово, две се во Скопје, имено конечно ќе ја видиме новата Клиничка болница во Скопје, онаа што СДСМ ја изнашета по цело Скопје и ги прекрши сите рокови кои беа дадени. Предвидуваме и Општата градска болница „8ми септември“, како и изградбата на Универзитетската клиничка болница во Штип, како и санација на неколку општи болници- вели Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот