Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собрание    

Разговараме со луѓето и морам да ја пренесам горчината пред се во однос на последните случувања коишто ги имавме во Собранието на Република Македонија, оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев и СДСМ продолжува со еден крајно криминален, со еден крајно нечесен начин, со насилнички начин на донесување на законите во Собранието- рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, народот тоа го гледа и им ја праќа пораката дека гледа по своето, доаѓа по своето на 12-ти април, кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе издвојува убедлива победа. И тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа го порачува, тоа е затоа што граѓаните го гледаат ова, што се случува во државата, граѓаните знаат да го проценат тоа и граѓаните ќе ја дадат довербата на нас. Граѓаните ќе ја дадат довербата затоа што во нашата програма ветуваме реални работи, ветуваме зголемување на пензиите за 20 отсто, ветуваме зголемување на платите за 25 проценти, но и намалување на невработеноста под 10 %. Во Македонија доаѓа обновата, 12-ти април е денот кога народот доаѓа по своето- рече Јанушев,. од посетите, во Кочанско, односно од населените места Горни и Долни Подлог и Оризари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот