Јанушев: За три години СДСМ видовме многу зло, уништивање на нашата држава, затоа им порачуваме ќе одговараат за сите злодела

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 вечерва од Делчево рече заминуваат во историјата овие три и пол години на криминал, корупција, уцени, закани, тероризирање на народот, разнебитување на државата и укажа дека за сите овие работи, за сето зло што ни се случува виновен е буквално еден човек, тоа е Зоран Заев.

„Во овие три и пол години видовме многу зло, буквално уништивање на нашата држава, лажат за да си ја спасат сопствената кожа, но ние им порачуваме дека не само што е доста, туку и ќе одговараат за сите злодела во изминатиот перид и тоа ќе се случи во првите шест месеци од владата на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Јанушев.

Јанушев се осврна и на својот противник во ИЕ 3, Љупчо Николовски за кој рече дека ни еднаш не собра храброст да ги изнесеме аргументите на телевизиска дебата.

„Истиот тој зборува дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма, мерки, со ВМРО-ДПМНЕ државата ќе се вратела назад, а истиот тој се колнеше нема да менува име, ги лажеше земјодлците, сега со истите лаги го манипулираат народот, ама овој пат народот доаѓа по своето, а тогаш нив лошо им се пишува“, рече Јанушев.

Говорејќи за лагите на СДСМ тој ја спомена и Радмила Шекеринска за која како што рече негираше дека се среќавала со Боки 13, за сега да каже дека дека била кај него и тоа збореле за законот за јавно обвинителство.

Јанушев потсети и на празните ветувања од СДСМ за повисоки плати, мерки за земјоделците, но како што рече  приказната за нив завршува. Тој се осврна и на програмата Проект-Обнова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот