Јанушев во Зелениково: Ние сме различни, нудиме иднина и извесност

Пораст на платите и пензиите и намалување на невработеноста, поддршка на земјоделците, обнова на фасадите во домовите се меѓу бројните проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, носител на листата во ИЕ3, по денешната средба со жители во општина Зелениково. Разговарал, рече, со луѓето за нивните проблеми и ги запознал што им нуди влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 15 јули.

– Она што исто така е факт е што имавме можност да поразговараме за делот неостварени ветувања односно лаги на СДСМ овде во Зелениково, еден таков пример е и мостот овде во месноста Река, којшто и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку наврати во минатото и од страна на градоначалникот односно локалната самоуправа, но и од страна на останатите високи функционери на СДСМ, буквално ништо не е направено. Затоа драги пријатели време е да кажеме дека е доста и оваа влада и овие политичари да заминат на темната страна на историјата, рече Јанушев.

Нагласи дека сè што имаат ставено во програмата „Проект Обнова” се обврзуваат пред граѓаните дека ќе биде почитувано и ќе се реализира во следниот период од четири  години затоа што, како што рече, „ние сме различни, ние нудиме иднина, извесност, ние нудиме да бидат со крената глава и исправена кичма”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот