Јанушев: Уставот е јасен не може повторно да се свика Собранието и тука нема никаква дилема

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вечерва во своето вклучување на вестите на Канал 5 посочи дека за жал втор месец мина, а сè уште имаме апсолутен молк од страна на Дескоска за нејзиниот предлог за откажување на годишното финансирање на политичките партии. Но исто така Јанушев потенцира дека не треба Уставот да се крши и да свикува противзаконски Собранието.

-Откако министерката Дескоска излезе и го даде предлогот за откажување на годишното финансирање на политичките партии, ние уште тогаш откако се согласивме тоа да се направи како дополнување, а се со цел за да што побргу и на полесен начин се надмине кризата дадовме предлог сите функционери да се откажат односно да ги донираат своите средства- појасни Јанушев.

Јанушев додаде дека за жал втор месец мина, а се уште има апсолутен молк од страна на Дескоска и на сите други во владата.

-Уште еднаш ја користам приликата да го реафирмирам тоа наше барање да се откажат без разлика на одлуката која што ја донесе Уставниот суд- истакна Јанушев.

Јанушев образложи дека ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто да се состане Собранието.  Не треба повторно да се оди со кршење на Уставот, иако тоа е одлика на владата преводена од СДСМ.

-Јасно е пропишано во кои ситуации и како тоа се прави. Иако единствената причина за тоа е барање за да се потврдат уредбите од вонредната состојба тогаш апсолутно не гледам никаква причина да се прави на овој начин.Уставот е јасен дека не може повторно да се свика Собранието и тука нема апсолутно никаква дилема во однос на тоа- нагласи Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот