Јанушев: Се обврзуваме на реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта (ВИДЕО)

Игор Јанушев, носител на Изборна единица број 3

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев изјави дека само држава со развиена инфраструктурна мрежа може да се надева на засилен економски раст.

„Се обврзуваме на реконструкција на сите државни патишта, дополнително ќе ја завршиме изградбата на експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш кои беа почнати во време на  претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот североистокот од Ранковце до Крива Паланка ќе изградиме исто така експресен пат што ќе значи заокружување на Коридорот 8 на делницата помеѓу Скопје и Софија.

Ќе ја разгледаме можноста и за отворање на граничниот премин „Црна скала” и поврзување на Македонија со Бугарија преку нов граничен премин кај Делчево.

Дополнително ќе го отвориме граничниот премин премин Клепало – Сандански со што Берово ќе добие директен линк со котлината на река Струма и автопатот Софија – Солун.

Градежната офанзива значи и реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта, проект на кој се обврзуваме.

Квалитетното железничко поврзување исто така ќе биде наш приоритет. Ќе ја завршиме пругата од Куманово до Деве Баир, но и ќе набавиме нови возови.

Македонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа“, соопшти Јанушев.

Само држава со развиена инфраструктурна мрежа може да се надева на засилен економски раст. Се обврзуваме на:✅Реконструкција на сите државни патишта✅Завршување на изградбата на експресниот пат Штип – Кочани✅Завршување на изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш✅Изградба на експресниот пат Ранковце – Паланка✅Отворање на граничниот премин "Црна скала" кај Делчево✅Отворање на граничен премин Клепало – Сандански кај Берово✅Изградба на пругата Куманово – Деве БаирМакедонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа. #ИсправиСеМакедонијо#ОдбериОбнова

Publiée par Igor Janushev sur Samedi 4 juillet 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот