Јанушев: СДСМ не направи ништо во ниту една област, ниту инфраструктура, ниту здравство

Јанушев посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е различно во сè.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на емисијата Топ тема на телевизија Телма се осврна на програмата Проект Обнова. Јанушев информираше дека има три столба или дека фокусот ќе биде на  инфраструктура, економија и земјоделие.

-Во инфраструктурата треба да продолжиме онаму каде што бевме пред три години зошто оваа неспособна влада на СДСМ не направи ништо. Ќе ги завршиме патиштата Штип-Кочани и  Штип-Радовиш, но секако и поврзувањето на Куманово со Деве Баир преку Ранковце и Крива Паланка, како и конечно да ја видиме фамозната пруга на Коридор 8. Исто ќе направиме се што можеме да отвориме граничен премин Клепало кај Берово, но исто така и Црна Скала кај  Делчево,  ќе работиме на документација за Коридор 8А токму за овој предел кој поминува од централниот дел кон  Малешевијата- информираше Јанушев.

Тој посочи дека во делот на економијата клучно е покачувањето на платите за 25 проценти, 20 проценти повисоки пензии, намалување на невработеност под 10 проценти, 4 милијарди инвестиции, а во делот на земјоделието 160 милиони евра за субвенции, но и она што е најважното е навремена исплата на истите.

Јанушев посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е различно во сè.

-Ние нудиме иднина, подигнати глави, за разлика од тоа што го слушаме од Шахпаска чиј лидер Заев претходно секоја година велеше економијата е клучна, а од тоа не видовме ништо. Еве сега пак почнуваат со истото ветување еве сега бил моментот, а ние гледаме дека нема ништо направено- кажа Јанушев обраќајќи се на Јагода Шахпаска која е кандидат за пратеник од листата на СДСМ во ИЕ 3.

Според Јанушев, СДСМ ништо не направи за здравството освен партиски вработувања, зошто да направеле нешто немаше да крахира здравствениот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот